full screen background image
Search

Запознајте го Thunderbolt – Aston Martin според Henrik Fisker!

Зад Henrik Fisker стојат модели на BMW, Aston Martin, Tesla, како и неговите Fisker Automotive автомобили – но овој пат тој му посвети внимание на Aston Martin Vantage – и резултатот е Thunderbolt!

Основата на Thunderbolt е Aston Martin Vantage V12 купе, а уникатниот модел на Fisker беше претставено на 2015 Amelia Island Concours d’Elegance во Флорида, во Соединетите Американски држави. Според Fisker, целта била да се добие „елегантно и убаво GT спортско купе со чиста емотивна скулптура која ќе остане безвременска.“ Истовремено, Hеnrik Fisker потенцираше дека Thunderbolt не е на никој начин поврзано или спонзорирано од Aston Martin.

Автомобилот е целосно редизајниран и носи каросерија изработена од карбонски влакна, додека ентериерот е преработен со најнови материјали и има 11.6-инчен Panasonic мултимедијален уред со закривена површина која е дизајнирана да ги намали рефлексиите и одсјајот. Автомобилот е 15 милиметри понизок до подлогата и е поставен на 21-инчни тркала обвиени во спортски гуми. Нема никакви информации за евентуалните технички модификации, но сигурни сме дека 6-литарскиот V12 има повеќе од доволно сила.

Сега за сега, планирано е лимитирано производство на неколку примероци, исклучиво по нарачка. Нам Thunderbolt навистина ни се допаѓа – дури повеќе и од најновите модели на Aston Martin!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.