full screen background image
Search

Aston Martin Vantage GT3 – Бескомпромисен тркач!

Новиот Vantage GT3 на Aston Martin нуди директна врска меѓу сериските автомобили на британскиот бренд, со моделите кои Aston Martin ги користи на тркачките патеки!

Гледајте на Vantage GT3 како одговор на Porsche 911 GT3 – автомобил кој директно ги поврзува тркачките модели на брендот, со оние наменети за „цивилна“ употреба. Под поклопецот се крие големиот 6-литарски V12 мотор кој сега испорачува вкупно 592 коњски сили (27 повеќе) и 625 Nm вртежен момент. Под поклопецот се наоѓаат и нови магнезиумски влезни гранки за воздух кои имаат ревидирана геометрија, многу лесно делови направени од истиот материјал, како и титаниумски издувен систем со централен излез. Моторот е повзан со 7-брзински автоматизиран рачен менувач кој ги придвижува задните тркала, секако.

Благодарение карбонските предни крила, литиум-јонски тркачки акумулатор, карбонски носачи на вратите, како и карбонски кров и поликарбонатско задно стакло, GT3 е 100 килограми полесен во однос на V12 Vantage S – и сега тежи 1565 килограми. Секако, веднаш се забележува и која е наменета на GT3, благодарение на 19-инчните магнезиумски тркала обвиени во Michelin Pilot Super Sport  гуми со димензии 265/35 напред и 325/30 позади.

Aston Martin Vantage GT3 е автомобил кој легално може да се вози по улиците, но повеќе од очигледно е дека навистина припаѓа на тркачките патеки. Им завидуваме на сопствениците кои ќе имаат можност да го направат токму тоа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.