Alfa Romeo ќе лансира дури 8 нови модели до 2018! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo ќе лансира дури 8 нови модели до 2018!

Италијанскиот бренд се враќа на голема врата – по неколкугодишно „мирување“ Alfa Romeo ќе почне вистинска инвазија на пазарот и во следниве три години лансира дури 8 нови модели!

Претседателот на Alfa Romeo – Reid Bigland – на саемот во Женева јасно и гласно кажа дека италијанскиот бренд нема да лансира евтини автомобили, но ќе лансираат дури осум нови модели во следните неколку години. Според него, Alfa Romeo нема да го следи трендот на другите премиум брендови со лансирање на помали и поевтини автомобили, туку ќе ја користи предноста од блискоста со Ferrari и Maserati за да понуди поексклузивни модели.

Првиот модел кој ќе се лансира оваа година е новиот конкурент на BMW 3 Series, Mercedes-Benz C-Class и Audi A4 – и би требало да ги следи истите принципи кои се следеа при развивање на екстремниот 4C. Понатаму ќе следат и други модели, меѓу кои и кросовер со средни димензии во 2016 и полека но сигурно брендот ќе почне да се враќа и на северно-американскиот пазар.

Во моментов Alfa Romeo продава само три различни модели – малиот MiTo, хечбекот Giuilietta и супер-спортскиот 4C, но со зголемената лепеза на продукти сериозно ќе се подобри компетитивноста на брендот и ќе излезе од моменталната сенка во која се наоѓа. Ние сме огромни фанови на Alfa Romeo, па со нетрпение ги очекуваме новите модели и се надеваме дека Alfa Romeo повторно ќе прави автомобили кои се толку убави, што едноставно застанува здивот – гледаме во твојата насока, 159!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.