Ken Block во Женева – Новиот Focus RS е позабавен од мојот тркачки автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ken Block во Женева – Новиот Focus RS е позабавен од мојот тркачки автомобил!

Ford сè уште не објавува официјално колку точно е моќен новиот Focus RS – но сепак кажуваат дека има „значително повеќе од 315 коњски сили“!

За време на претставувањето на Focus RS во Женева, токму Ken Block ја имаше главната улога – и популарниот автомобилски егзибиционист изјави дека новиот Focus RS е „позабавен од неговиот тркачки автомобил“. Ние ќе го прифатиме тоа со малку резерва, но сепак не можеме да ги оспоруваме забавните карактеристики на супер-спортскиот Focus со повеќе од 315 коњски сили и погон на сите четири тркала.

„Значително е различен од тркачкиот автомобил. Заради регулативите кои се на сила, мораме да го ограничиме погонот на сите четири тркала на тркачкиот автомобил – системот е механички и порудиментарен. Тука системот е електричен и програмабилен – всушност, многу е позабавен“ – изјави Block. Уште еден новитет е Drift режимот на работење, кој испраќа 70% од моќноста кон задната оска!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.