full screen background image
Search

Новото безбедносно и медицинско возило за F1 доаѓаат во форма на Mercedes-AMG GT S и C63 S!

Новата сезона на Formula 1 покрај новите болиди, носи и нови безбедносни и медицински возила – во форма на најновите модели на AMG дивизијата на Mercedes-Benz!

Досегашното безбедносно возило – SLS AMG – оди во пензија, а него ќе му се придружи и досегашното безбедносно возило, кое исто така беше базирано на C-Class AMG – сега тие се заменети со AMG GT S и AMG C63 Estate. GT S има на располагање 510 коњски сили и 650 Nm вртежен момент, и потребни му се само 3.8 секунди да постигне 100 километри на час. Безбедносното возило е опремено со DYNAMIC PLUS пакетот кој доаѓа со активни носачи на суспензијата и моторот, како и RACE режим на работа и поцврста суспензија. Зад воланот ќе биде 43-годишниот Bernd Maylander, кој веќе 15 години го вози безбедносното возило на FIA. Тој е поранешен возач во DTM и работи во AMG Driving Academy.

Улогата на брзо безбедносно возило му припадна на Mercedes-AMG C63 S Estate, а во ова возило ќе се возат три медицински лица, но зад воланот ќе биде Alan van der Merwe – професионален возач, додека совозач ќе биде Др. Ian Roberts, главниот доктор во FIA. Како и GT S, и C63 AMG S има на располагање 510 коњски сили, но има малку повеќе вртежен момент – вкупно 700 Nm! Интересен податок е дека минатото медицинско возило беше во оваа улога најдолго време – прв пат се користеше во 2008-мата година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.