full screen background image
Search

BMW Alpina B6 xDrive Gran Coupe добива 600 коњски сили!

Тјунерите од Alpina го освежија B6 Gran Coupe xDrive кој покрај екстерните ревизии, добива и доработен 4.4-литарски V8 кој сега испорачува 600 коњски сили!

Alpina е добро познат бренд, особено меѓу познавачите на автомобили и обожувателите на BMW. Тие направија малку од својата магија и го доработеа 6-Series Gran Coupe во она што денес е пред нас – Alpina B6 xDrive Gran Coupe. На автомобилот веднаш ќе го препознаете аеро-пакетот кој е карактеристичен за Alpina, како и големите, 20-инчни фелни со познатиот Alpina дизајн.

Сепак, најважната промена е доработениот мотор. Инженерите на Alpina му посветиле внимание на 4.4-литарскиот би-турбо V8 кој сега наместо 540 коњски сили и 731 Nm вртежен момент испорачува 600 коњски сили и 799 Nm вртежен момент! Благодарение на посилниот мотор, но и погонот на сите четири тркала, на B6 Gran Coupe му се потребни 3.6 секунди до 100 километри на час (0.5 секунди побрзо во однос на М6) а максималната брзина е ограничена на 322 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.