Утринска Гимнастика: Автомобилот на Nissan кој свети во ноќта! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Автомобилот на Nissan кој свети во ноќта!

Nissan е првиот производител кој искористи нова, високо-технолошка  боја која ја користи UV-светлината апсорбирана преку ден за да свети во ноќта!

Јапонскиот бренд работеше заедно со Hamish Scott, креаторот на STARPATH – специјален слој боја кој се нанесува со спреј и апсорбира ултравиолетова светлина преку ден, и му овозможува на автомобилот „да свети“ за време на ноќта. Иако веќе постојат вакви бои, како и фолии кои можат да се нанесат, бојата на Nissan е уникатна благодарение на формулата со која е изработена, и се користат исклучиво органски материјали. Во бојата има еден многу редок елемент – Стронциум Алуминат – кој е цврст, без мирис и хемиски и биолошки инертен.

Бојата на Nissan е предвидена да трае долго време – дури 25 години!

Сепак, погледнете како тоа изгледа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.