full screen background image
Search

Audi купи патенти за горивни ќелии, најавува нови технологии!

Германскиот производител на луксузни возила објави дека купил неколку патенти за горивни ќелии од Ballard Power Systems.

Очигледно луѓето во Audi се сериозни кога станува збор за горивните ќелии и користењето на водород како гориво за автомобилите. Тие вчера објавија дека станале сопственици на „пакет патенти“ поврзани со горивните ќелии, а ги купиле од Ballard Power Systems.

Сега за сега нема објавено многу детали, но според она што беше изјавено, набавката на овие патенти ќе внесе нова сила за развивање на системи за горивни ќелии кои ќе ги користи како Audi, така и другите брендови во Volkswagen Групацијата.

Dr. Ulrich Hackenberg – одговорниот за технички развој во Audi – изјави дека „Audi ги набави овие стратешки важни патенти за целата група и ќе ги направи достапни за сите брендови. На овој начин ќе обезбедиме круцијална експертиза која ќе донесе нова мотивација за идно развување на овие технологии.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.