full screen background image
Search

Вечерно Кино: Автомобилите на полициските сили од Дубаи!

Веќе неколку пати сме пишувале за автомобилите со кои располага полицијата на Дубаи – но сега можеме да ви покажеме и видео со моќната ергела на емиратот!

На моменти видеото потсетува на трејлерите за некој од Fast & Furious филмовите – но верувајте, ова е вистина! Полициските сили од Дубаи имаат на располагање многу егзотични автомобили, а на ова видео ќе забележите Ferrari FF, Mercedes-Benz SLS AMG, BMW M6 Gran Coupe, Brabus B63S, Nissan GT-R, McLaren MP4-12C, Audi R8 V10, Bentley Continental и моќниот Bugatti Veyron.

Возилата кои знаеме дека ги имаат, но не се појавија на ова видео вклучуваат Lamborghini Aventador, Aston Martin One-77, Lexus RC-F и многу други. Како што еднаш веќе рековме – да посака човек да биде полицаец во Дубаи!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.