full screen background image
Search

Нови цени на горивата – бензините и дизелот повторно поевтинуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва на полноќ повторно паѓаат цените на бензините и дизелот!

Согласно методологијата за пресметка на цените која ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 3.28%. Соодветно на тоа, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за 1.50 денари по литар, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 60.50, односно 51 денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1 денар по литар и ќе се продава по цена од 62.50 денари по литар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.