Mitsubishi достојно ќе го испрати Lancer Evolution X – подготвен Evolution X Final Concept со 480 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi достојно ќе го испрати Lancer Evolution X – подготвен Evolution X Final Concept со 480 коњски сили!

Mitsubishi Lancer Evolution X се ближи кон својот крај, но јапонскиот бренд нема да дозволи автомобилот едноставно да згасне – го подготви екстремниот Evolution X Final Concept со 480 коњски сили!

Токијскиот саем на тјунери е закажан за од 9ти до 11ти Јануари 2015-та година, а Mitsubishi токму за овој настан подготви неколку специјални автомобили. Секако, меѓу нив највеќе се истакнува Lancer Evolution X Final Concept кој е своевидно испраќање на моделот во пензија. Ако земеме во предвид дека пензионирањето треба да се случи наскоро, а за него веќе е најавено дека нема да има директен наследник, достојното испраќање е во форма на Lancer Evolution X Final Concept.

Моделот е изработен во соработка со HKS, а е најавен како „финална еволуција на уличниот модел.“ Сега за сега нема објавени многу детали, но познато е дека моторот е „навиен“ на 480 коњски сили, има специјално изработена суспензија, RAYS тркала со Yokohama гуми, а кровот и задниот спојлер се офарбани во сјајна црна боја. Сигурни сме дека наскоро ќе бидат објавени дополнителни детали.

phev-sport-style

Истовремено, Mitsubishi ќе го претстави и Outlander PHEV Sport Style Edition Concept-B (кажете го тоа набрзина пет пати!) – уникатна верзија на големиот хибриден SUV кој носи 20-инчни тркала, Dark Chrome детали, ентериер обвиен во црна кожа и уште неколку ситници. Ние веќе го возевме Outlander PHEV и имаме одлични импресии од хибридниот и економичен SUV на Mitsubishi.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.