full screen background image
Search

Новиот Cadillac CTS-V ќе нуди 640 коњски сили, ќе се бори со BMW M5 и E63 AMG!

Новиот американски супер-седан не само што е најмоќниот Cadillac на сите времиња, туку и комфорно ги надминува своите германски конкуренти по бројката на коњски сили кои ги нуди!

cadillac-cts-v-side

Моќта доаѓа од големиот, 6.2-литарски компресорски V8 кој испорачува 640 коњски сили и 855 Nm вртежен момент – и со тоа е комфорно и значително помоќен од BMW M5 кој има на располагање 560 коњски сили, односно E63 AMG S кој има на располагање 585 коњски сили. Силата се пренесува кон задните тркала преку 8-степен автоматски менувач и му овозможува на големиот седан да забрза до 100 километри на час за 3.7 секунди и да постигне максимална брзина од 322 километри на час – значително повисока од електронски-ограничената кај германските ривали.

cadillac-cts-v-interior

За запирање на супер-седанот се задолжени кочници од Брембо со 390-милиметарски дискови напред со шест-клипни шепи и 365-милиметарски дискови одзади со четири-клипни шепи. И внатрешноста е соодветно дотерана да одговара на спортскиот карактер на автомобилот, со детали од алкантара и микрофибер, како и спортски Recaro седишта.

cadillac-cts-v-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.