Утринска Гимнастика: Пневматиците на иднината, според Hankook! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Пневматиците на иднината, според Hankook!

Јужно-Корејскиот производител на пневматици Hankook претстави видео на кое ја прикажа својата визија за пневматиците на иднината – со технологија која ќе им дозволи да се адаптираат на различните услови на патот и подлогите.

Видеото покажува пневматици кои не се блиску до сериско производство, но нуди интересен увид во тоа што можеби би можеле да го очекуваме од производителите на пневматици во иднина – поточно, технологија која им дозволува на пневматиците да се „трансформираат“ со цел да се адаптираат на различните подлоги. Погледнете како тоа изгледа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.