Škoda продолжува да го најавува новиот Suberb, објави втора скица – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda продолжува да го најавува новиот Suberb, објави втора скица

Чешкиот производител продолжува да го најавува својот нов знаменосец – новиот Superb. Премиерата е закажана за средината на Февруари следната година, а во меѓувреме објавена е нова официјална скица.

Škoda го најавува новиот Superb како дизајнерска револуција. Третата генерација на Superb ќе го има своето деби во Прага, во средината на Февруари 2015, а официјалната премиера е закажана за Geneva Motor Show во Март. Купувачите можат да го очекуваат во салоните во средината на следната година, кога треба да пристигне и во Македонија.

Според Škoda, новиот Superb ќе ги има „силните и експресивни форми од Skoda VisionC со нови и динамични пропорции.“ Новиот Superb исто така „заведува со јасна геометрија, јасно оформени површини, скулптурни форми, прецизност и елегантни линии.“

Луѓето од Škoda се надеваат дека третата генерација на Superb ќе привлече нови купувачи кои ќе пројават интерес како за брендот, така и за големиот седан. Се очекува моделот да биде поставен во врвот на средната класа и ќе ја дели основата со новиот Volkswagen Passat (кој ние веќе го возевме). Новиот модел ќе биде 20 милиметри подолг и 50 милиметри поширок од претходниот, но ќе „ослабе“ околу 75 килограми.

Škoda веќе објави една скица од Superb.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.