Прва скица од новиот Škoda Superb! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва скица од новиот Škoda Superb!

Наскоро ќе биде претставена третата генерација на знаменосецот на Škoda, па чешкиот производител полека но сигурно почнува да го најавува новиот Superb!

Благодарение на нашите извори во Škoda можеме да ви пренесеме дека новиот Superb ќе влече инспирација од Vision C концептот кој неодамна беше претставен, а тоа може да се види и од скицата која Škoda официјално ја објави.

Новиот Superb ќе ја продолжи традицијата и како и досегашните модели, ќе нуди повеќе простор и практичност во однос на конкурентите, но овој пат ќе нуди и помодерен, поемотивен дизајн кој изгледа свежо, но истовремено ја следи тековната дизајнерска насока на брендот.

Superb ќе ги дели моторите со Volkswagen Passat, а исто и како својот германски брат, Superb ќе биде изграден врз MQB платформата на Volkswagen. Премиерата е закажана за саемот на автомобили во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.