full screen background image
Search

Објавени финалистите за Европски Автомобил на Годината!

Жирито кое го бира Европскиот Автомобил на Годината ги објави седумте финалисти кои ќе се борат за титулата за 2015-тата година.

Победникот ќе биде објавен за време на саемот на автомобили во Женева следната година, а ќе биде еден од следните кандидати:

  • BMW 2 Series Active Tourer
  • Citroen C4 Cactus
  • Ford Mondeo
  • Mercedes-Benz C-Class
  • Nissan Qashqai
  • Renault Twingo
  • Volkswagen Passat.

Во моментов, жирито го сочинуваат 58 автомобилски новинари. Минатата година победник беше Peugeot 308, додека една година пред тоа за Европски автомобил беше избран Volkswagen Golf од седмата генерација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.