Европскиот хечбек кој ние добро го познаваме наскоро ќе започне да се продава и на американскиот пазар, но како дел од „младешкиот“ Scion бренд на Toyota кој е наменет токму за помладите купувачи.
Концептот кој Scion ќе го покаже на Саемот на Автомобили во Лос Анџелес следната недела повеќе од очигледно е само ребрендиран (и малку нашминкан) европски Toyota Auris. Додадени се нови браници, поголеми фелни и ситни други измени за да се добие ефект на концептно возило.
Највеќе се истакнуваат новиот преден и заден браник кои наговестуваат спортски карактер и перформанси. Крилата се пополнети со големи 19-инчни фелни обвиени во пневматици со н изок профил. Се забележуваат и големите кочници, како и нагодливата суспензија, но сигурни сме дека тие нема да одат во сериско производство.
Повеќе информации за евентуалниот спортски мотор во концептот ќе ги имаме следната седмица.