full screen background image
Search

Aston Martin Lagonda Taraf официјално претставен во Дубаи!

Првиот модел на Lagonda линијата на Aston Martin беше официјално претставен во Дубаи, а и покрај првичните најави дека ќе биде наменет исклучиво за источните пазари, можно е да биде достапен глобално.

Aston Martin го претстави првиот модел од Lagonda линијата на луксузни салони во Дубаи, кој (барем на тамошниот пазар) ќе се продава како Lagonda Taraf. Луѓето од Aston Martin го опишуваат како „најпрефинетиот меѓу брзите автомобили“, а самиот автомобил е базиран на флексибилната VH архитектура на брендот и влече инспирација од „многу посакуваниот Lagonda од 1976-та година, дизајниран од William Towns.” Како што и се очекуваше, автомобилот ќе се произведува рачно од „најдобрите мајстори“ во производствените капацтитети на Aston Martin во Gaydon, Warwickshire.

Иако новиот Lagonda седан беше наменет исклучиво за пазари на Средниот Исток (размислувајте во насока на Обединетите Арапски Емирати), сепак Aston Martin ги разгледува опциите да го понуди автомобилот и на другите светски пазари. Новиот претседател на Aston Martin – Andy Palmer – потврди дека ги евалуираат можностите за нудење на Lagonda на другите пазари. Во моментов не се познати ниту официјалните спецификации на моторот, но се претпоставува дека за задвижување на овој луксузен и ексклузивен седан ќе биде задолжен добро-познатиот V12 бензинец на Aston Martin кој би требало да испорачува околу 600 коњски сили кон задните тркала преку 8-степен автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.