full screen background image
Search

Најавен новиот ултра-луксузен Mercedes-Maybach S600!

Производителот на луксузни автомобили го најавува новиот знаменосец во форма на Mercedes-Maybach S600 кој треба да продолжи таму каде што застана (и пропадна) Maybach проектот на компанијата.

Интересно е да се следи процесот на реименување на „под-брендовите“ на Daimler. Mercedes-Benz ќе биде задолжен за „цивилните“ возила – односно стандардните возила на Mercedes, Mercedes-AMG ќе биде задолжен за спортските варијанти и монструозните AMG верзии, а новиот Mercedes-Maybach ќе биде задолжен за ултра-луксузните верзии на возилата кои треба да бидат конкуренти на брендовите како Rolls Royce и Bentley.

Mercedes-Maybach (X 222) 2014

Mercedes-Maybach денес го најави првиот свој модел кој ќе се вика Mercedes-Maybach S600 и ќе биде своевиден знаменосец на S-Class гамата од Германија. Како своевидна инаугурација за брендот кој треба да понуди уште полуксузни и ексцесивни возила во иднина. Новиот Mercedes-Maybach S600 ќе се издвијува од регуларната S-Class благодарение на зголемениот простор, специјалните седишта, но и „богато дизајнираните, престижни ентериери кои ќе нудат многу можности за индивидуализација.“ Со други зборови, ќе им нудат на ултра-богатите одличен начин да се одвојат од грст од своите пари.

„Во сегментот на S-Class, купувачите имаат високи очекувања кога станува збор за ексклузивноста и индивидуалноста. Mercedes-Maybach ни дозволува да ги исполниме овие очекувања во највисокиот сегмент на пазарот“ – изјави Ola Källenius, член на управниот одбор на Mercedes-Benz задолжен за маркетинг и продажба.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.