full screen background image
Search

Намалени цените на горивата, бензинот поевтинува 2.5 односно 3 денари, дизелот 1.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ ќе купуваме гориво со пониска цена!

Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 3.97%. Од вечерва на полноќ, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена пониска за 3 денари, односно 74 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2.5 денари и еден литар од ова гориво ќе чини 76 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.5 денари, и еден литар од ова гориво ќе чини 63 денари.

Како што напоменавме, новите цени важат од вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.