full screen background image
Search

Новото Ford Mondeo е на нашите порти, Ford објави нови фотографии!

Новото Ford Mondeo веќе две години се продава во Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека добиваме американски автомобил – напротив, Американците добија одличен Европски модел!

Според она што можеме да го видиме на фотографиите, новиот модел е веднаш препознатлив како член на Mondeo фамилијата. Карактерната линија е пренесена од минатиот модел, а дизајнот изгледа модерно и свежо со одлична доза на спортска агресивност. Веќе ги знаеме скоро сите информации за новото Mondeo – знаеме како ќе изгледа ентериерот, а ги знаеме и моторите кои ќе се вградуваат – новото Mondeo ќе се нуди со бензински или дизел мотори, а за прв пат ќе се нуди и хибридна варијанта која најверојатно ќе ја одберат само најхрабрите. Дизелите кои највеќе ќе одговараат се оние со 180 или 210 коњски сили, но сигурни сме дека помалите мотори ќе бидат оние кои ќе бидат најинтересни за купувачите.

Доколку сакате бензинец, ќе можете да изберете и 1-литарски EcoBoost – кој уште сега предизвикува контраверзни реакции меѓу потенцијалните купувачи. Луѓето едноставно не се сигурни дали моторот ќе биде соодветен за толку голем автомобил. Ние немаме такви резерви – од нашето искуство со EcoBoost моторите, можеме да кажеме дека навистина нудат одлични перформанси и импресивна економичност.

mondeo-infographic-mk-tn

Новото Mondeo го очекуваме наскоро во продажните салони во Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.