full screen background image
Search

Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави старо-новите цени на горивата. Од вечерва дизелот поевтинува еден денар, додека бензините остануваат со истата цена.

Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.84%. Преведено во реални вредности, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат исти и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 77.00 односно 78.50 денари за еден литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за еден денар, и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 64.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.