Претставена новата Škoda Fabia Combi, ветува багажен простор од 530 литри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена новата Škoda Fabia Combi, ветува багажен простор од 530 литри!

Чешката дивизија на Volkswagen групацијата ја претстави караванската изведба на новата Fabia која ќе ја носи ознаката Combi и ветува навистина многу багажен простор!

Компактната надворешност крие вистинска „пештера“ во внатрешноста – во Fabia Combi комфорно ќе се сместат до пет луѓе и нивниот багаж – со исправени седишта багажниот простор нуди зафатнина од 530 литри (25 повеќе од минатиот модел) и е водечки во сегментот. Доколку се спуштат задните седишта на располагање се вкупно 1395 литри!

skoda-fabia-combi-front

Во Fabia Combi ќе можат да се сместат предмети долги до 1.55 метри, а багажниот простор е широк 960 милиметри, а нискиот раб го прави товарењето багаж лесно и едноставно. Во Fabia Combi купувачите ќе ги најдат истите Simply Clever решенија кој веќе се претставени кај регуларната Fabia. Ќе бидат достапни истите бензински и дизел мотори – бензинците имаат на располагање од 75 до 110 коњски сили, а дизелите од 75 до 105 коњски сили. Ќе може да се нарача мануелен или автоматски менувач.

skoda-fabia-combi-side

Новатa Fabia Combi ќе биде целосно претставена во Париз.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.