Honda подготвува освежување за CR-V; ќе добие 1.6-литарски турбодизел со 160 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda подготвува освежување за CR-V; ќе добие 1.6-литарски турбодизел со 160 коњски сили!

Јапонскиот производител најавува дискретен фејслифт за европската верзија на популарниот SUV, а најважниот новитет е 1.6-литарскиот i-DTEC со 160 коњски сили!

Honda го најавува освежениот CR-V како прототип, но да бидеме реални – ова е серискиот CR-V кој наскоро ќе се појави на пазарот. Автомобилот добива нови предни светла, нова маска на ладилникот, светла за магла, изменети браници, на повеќе места е користена LED технологија за осветлување, нов дизајн на задната врата, итн.

honda-crv-facelift-side

Сепак, најважниот новитет за европската верзија на CR-V е новиот 1.6-литарски i-DTEC турбодизел кој го заменува стариот 2.2-литарски мотор. Новиот мотор нуди 160 коњски сили и 350 Nm, а има емисија на гасови од 130 грама CO2 на изминат километар. Моторот ќе се нуди во комбинација со 6-степен мануелен менувач или 9-степен автоматски.

honda-crv-facelift-side-rear

Доколку купувачите се одлучат за погон само на предните тркала, достапен ќе биде постоечкиот 1.6 i-CDTI со 120 коњски сили. Секако, во понудата останува и 2-литарскиот бензинец со 150 коњски сили – модел кој ние веќе имавме можност да го пробаме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.