full screen background image
Search

Новиот Jaguar XE ќе добие модерни, моќни и економични мотори!

Новиот спортски седан на Jaguar ќе добие нови мотори од Ingenium фамилијата кои нудат од 163 до 340 коњски сили!

Jaguar го опишува XE како најмалиот, најлесниот и најцврстиот седан на брендот, но истовремено е и најаеродинамичниот седан на компанијата, со коефициент на отпор од само 0.26 Cd. Исто така, ова е единствениот автомобил во класата кој во голем дел користи алуминиум за својата изработка, па новиот XE ветува одлична динамика.

Сепак, огромна улога тука ќе играат новите Ingenium мотори кои нудат различни нивоа на моќност. Во понудата на дизелски мотори ќе се најде 2-литарскиот трубодизел кој ќе се нуди во две нивоа на моќност – со 163 и 180 коњски сили. Моторот со 163 коњски сили ветува потрошувачка од само 3.7 литри на 100 изминати километри и емисија на штетни гасови од 99 грама CO2 на изминат километар.

Боите на бензинците ќе ги брани 2-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува 200 или 240 коњски сили, односно 280 или 340 Nm вртежен момент, во зависност од изведбата. Сите мотори со четири цилиндри стандардно ќе се нудат со шест-степен мануелен менувач.

На врвот на понудата е 3-литарскиот, компресорски V6 бензинец кој ќе нуди 340 коњски сили, и ќе се комбинира со 8-степен автоматски менувач. Со овој мотор, XE ќе забрзува до 100 километри на час за одлични 4.9 секунди, и ќе продолжи да забрзува се до електронски ограничените 250 километри на час. Автомобилот ќе се нуди во пет нивоа на опрема – Pure, R-Sport, S, Prestige и Portfolio, а ќе се нуди и многу модерна технологија која би требало да го олесни возењето и живеењето со еден ваков автомобил.

Поврзано:   Пристигнаа новите Jaguar F-Pace и E-Pace во салонот на Automobili Group!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.