Објавени првите фотографии од новиот S-Max на Ford! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавени првите фотографии од новиот S-Max на Ford!

Ова се првите фотографии од следната генерација S-Max на Ford – миниван со седум седишта кој треба да биде официјално претставен на саемот на автомобили во Париз.

S-MAX ја дели основата со новата генерација на Mondeo, а сегашната генерација за прв пат ја видовме во форма на концепт на Франкфуртското мотор шоу минатата година. Продажбата се очекува да започне набрзо по саемот на автомобили во Париз.

Ford-S-MAX-6

Ford воведува практични функционалности, како што се електирчно-придвижувани седишта во вториот и третиот ред, hands-free функционирање на петтата врата, електрично нагодување на управувачот, како и седишта со ладење и греење. S-Max ќе добие и активен паркинг систем, систем за одржување на лентата на движење, надгледување на слепите точки, како и автоматско кочење.

Ford-S-MAX-4

Сега за сега синиот овал сè уште ги нема објавено сите детали, но се очекува дека меѓу другите мотори ќе се понудат и новите 1.5-литарски и 2-литарски EcoBoost бензинци со 158 односно 237 коњски сили, како и 2-литарски TDCI со 118, 148 и 177 коњски сили. Се очекува за прв пат S-Max да се понуди и со погон на сите четири тркала.

Ford-S-MAX-2

Ford-S-MAX-3



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.