Peugeot објави нови фотографии од освежениот 508! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot објави нови фотографии од освежениот 508!

Европското деби на освежениот 508 е закажано за саемот на автомобили во Париз, но книгите за нарачки се веќе отворени!

Ќе бидеме искрени – ова е еден од ретките автомобили каде фејслифтот изгледа подобро од оригиналниот автомобил. Веќе зборувавме за новитетите кои фејслифтот ги носи, како и новите, поекономични и поеколошки мотори кои ќе бидат дел од освежениот пакет. Најинтересен за купувачите најверојатно ќе биде 2-литарскиот BlueHDI кој во зависност од изведбата нуди 150 или 180 коњски сили – мотор што навистина му прилега на ваков крстосувач.

Peugeot објави дека нарачките за освежениот 508 се веќе отворени, и дека првите купувачи наскоро ќе ги добијат своите автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.