full screen background image
Search

Peugeot подготви освежување за својот знаменосец – големиот 508!

Знаменосецот на Peugeot – големиот 508 дојде на ред за освежување – и благодарение на дискретниот редизајн, како и неколку технолошки подновувања, 508 е доведен во линија со останатите нови модели на брендот.

Сите три верзии на 508 добија дискретно освежување – седанот, караванот и кросоверот RX. Поаглестиот преден дел со преработен поклопец на моторот му даваат на 508 сосема нов лик кој наликува на новиот 308. Тука се и новите LED предни светла, а од задната страна сите модели добиваат и нови светлосни групи, како и нови браници.

peugeot-508-facelift-interior

Во внатрешноста најзначаен новитет е 7-инчниот LCD екран осетлив на допир преку кој се контролираат мноштво од функциите на автомобилот, а според Peugeot, поработено е и на квалитетот на материјалите кои се користени. Од аспект на технологијата, новитет се сензорите за следење на слепата точка, паркинг камера и многу услуги преку Peugeot Connect апликации.

peugeot-508-facelift-rear

Ќе се нудат и нови мотори – прв на листата е 1.6-литарскиот THP турбо-бензинец кој ги задоволува Еуро 6 стандардите и испорачува 165 коњски сили а има емисија од само 131 грам CO2 на изминат километар. Нов е и 2-литарскиот BlueHDI турбодизел кој нуди 150 коњски сили или 180 коњски сили. Во зависност од изведбата, емисијата на штетни гасови изнесува 105 грама или 111 грама CO2 на имзинат километар.

peugeot-508-facelift-1

Премиерата на 508 е закажана за во Август на саемите на автомобили во Москва и Ченгду, а потоа ќе го видиме и на саемот на автомобили во Париз во Октомври. Продажбата во Европа ќе започне во средината на Септември.

Поврзано:   Реставрација на Peugeot 205 GTI со Aventure Peugeot


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.