full screen background image
Search

Mercedes-Benz целосно го освежи несекојдневниот и авантгарден CLS

Пред само неколку минути Mercedes-Benz официјални ги објави деталите околу фејслифтираниот CLS кој добива целосно освежување – од стандардниот модел, па сè до Shooting Brake и AMG изведбите!

Да започнеме од ентериерот, каде најважниот новитет е токму 8-инчниот мултимедијален дисплеј кој го следи трендот на Mercedes-benz. Сигурни сме дека 8-инчен дисплеј е повеќе од доволен за потребите на секој возач. Иако Mercedes-Benz наидува на критика за „додадениот“ дисплеј кој на моменти изгледа како на дизајнерите да не им текнало дека треба да има дисплеј во ентериерот, сепак изведбата во CLS ни изгледа најпривлечно.

Mercedes-Benz CLS-Klasse Facelift (C 218) 2014

Надворешноста не е многу изменета – и за волја на вистината, не ни беа потребни значителни промени, но најважен новитет се токму опционалните Multibeam LED предни светла кои користат најсовремена технологија за осветлување на патот пред вас. Секој фар има по 36 индивидуални LED сијалички, а 24 од нив можат да бидат индивидуално контролирани. Секоја сијаличка може да биде „ослабена“ на 255 различни нивоа, и со тоа можат да понудат одлично осветлување без да ги заслепуваат возачите кои надоаѓаат од спротивната страна. Дискретно се изменети и задните светлосни структури, но гледано во целост, измените се дискретни.

Mercedes-Benz CLS-Klasse Facelift (C 218) 2014

Новитет се и два нови мотори – едниот ќе биде CLS 220 BlueTec, кој го користи докажаниот 2.1-литарски турбодизел со четири цилиндри, 170 коњски и 400 Nm вртежен момент. Сепак, поважниот новитет доаѓа во форма на CLS 400, кој го заменува CLS 350 – под поклопецот ќе се крие 3-литарски V6 бензинец со директно вбризгување и два турбо-полначи кој испорачува 333 коњски сили и 480 Nm вртежен момент.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz го претстави својот нов електричен знаменосец - високо-технолошкиот EQS!

За прв пат во светот ќе се нуди и 9-степен автоматски менувач со хидродинамички (ни ние не знаеме што значи тоа) конвертер на вртежниот момент. Овој менувач ќе се вика 9G-Tronic и ќе се нуди кај CLS 220 BlueTec, CLS 250 BlueTec, CLS 350 BlueTec и CLS 500.

Mercedes-Benz CLS-Klasse Facelift (X 218) 2014

Цените сега за сега сè уште не се објавени, а освежениот CLS ќе се појави во салоните кон почетокот на оваа есен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.