Opel го најавува Karl како основен модел во своето портфолио! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel го најавува Karl како основен модел во своето портфолио!

Од дирекцијата за тотално неочекувани имиња која мора да е дел од маркетинг тимот на Opel доаѓа новиот модел Karl – автомобил кој Opel го најавува како мал автомобил со големо име.

Добро, за волја на вистината Karl не е особено долго име, но сепак е важно во историјата на Opel. Малиот автомобил ќе го носи името на еден од синовите на Adam Opel и ќе биде основен модел во портфолиото на брендот. Со додавањето на Karl во својата гама покрај Adam и Corsa, Opel ќе има најјако портфолио во сегментот на мали и мини автомобили во својата историја.

Opel Karl ќе биде за нијанса пократок од Adam (3.68 во однос на 3.70 метри), но ќе нуди пет врати, до пет седишта и ќе ги нуди најдобрите особини на Opel на интелигентен и практичен начин – и ќе проба достоинствено да ги претстави вредностите на брендот – Германски, емотивен и пристапен.

Со оглед на тоа дека Opel го најавува автомобилот сега, би очекувале официјалната премиера да се случи на саемот на автомобили во Париз.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.