Nissan Off-Road Караванот поминува и низ Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan Off-Road Караванот поминува и низ Македонија!

На почетокот на оваа седмица гости во салонот на Nissan во Скопје беа група млади ентузијасти кои веќе осма година по ред го стартуваат Nissan Off-Road караванот.

Караванот тргнува од Мостар, а за време на престојот во нашата земја како и целото патување кон Албанија се заедно во друштво со најпознатиот хрватски алпинист Стипе Божич и Бранко Гркович – директор на продажба за брендот NISSAN во ADEX.

Овогодинешната тура го носи името NISSAN Macedonia 2014 токму поради вклучување на нашата земја на картата на off road караванот. За време на својата авантура тимот кампува и ужива вo природните убавини на Македонија на највисоките врвови на каде вообичаено би можело да се пристигне со велосипеди, но учесниците тоа го направија само со моделот NISSAN Navara.

nissan-off-road-macedonia-2014

Лазарополе, планината Бистра, Маврово, Марков Манастир, планината Караџица, Китка, Солунска Глава,Битола, Пелистер, Галичица со која влегуваат во Охридскиот регион се само дел од местата кои се предвидени за посета до 14.09. кога целата екипа се враќа во Мостар.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.