Hyundai најавува спортско i20 Coupe! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai најавува спортско i20 Coupe!

По неодамна претставената нова генерација на урбаниот i20, Hyundai најавува и поспортска верзија со три врати која ќе се вика едноставно – i20 Coupe!

Иако сè уште не ги знаеме сите детали, новиот i20 веќе го привлече вниманието на јавноста благодарение на интересниот дизајн. Сега Hyundai оди чекор понатаму и најавува поспортска верзија на урбаниот автомобил. Од она што можеме да го видиме, верзијата со три врати ќе има забележително поспортска линија. Целта на оваа верзија ќе биде дополнително да бидат истакнати спортските карактеристики на малиот автомобил, а истовремено да понудат и поинтересна алтернатива.

Исто како и братот со пет врати, и i20 Coupe е целосно развиен и дизајниран во центарот на Hyundai во Риселхајм, Германија. Продажбата треба да започне во првата половина на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.