full screen background image
Search

Премиера: Новиот Land Rover Discovery Sport!

Новиот Land Rover Discovery Sport е своевидна замена за малиот Land Rover Freelander; ќе понуди авантгарден дизајн и модерна технологија!

Discovery Sport е првиот дел од новиот план на Land Rover да изгради цела фамилија на Discovery модели – ова е замената за Freelander, а ќе има замена и за големиот Discovery. Најавена е и можноста за уште еден модел кој би бил помеѓу овие два автомобили.

Новиот Discovery Sport ќе започне да се продава следната година и ќе биде соодветен ривал на популарните луксузни SUV автомобили како што се Audi Q5, BMW X3 и Mercedes-Benz GLK. Новиот автомобил има меѓуоскино растојание од 2741 милиметар а долг е 4590 милиметри – со тоа има 80 милиметри поголемо меѓуоскино растојание и 91 милиметар е вкупно подолг од Land Rover Freelander. Благодарение на зголемената должина има опција за трет ред седишта – одличен детал кој го издвојува од своите германски ривали.

Во внатрешноста купувачите ќе добијат 8-инчен мултимедијален уред чувствителен на допир со интегрирана сателитска навигација која гласовно се контролира, Wi-Fi Hotspot технологија, стандарден двозонски клима уред, автоматско одмаглување на стаклата и уште многу други. Автомобилот е поставен на модифицирана верзија од платформата на Evoque, и за нејзиното конструирање се користени челик со висока цврстина, како и алуминиум. Има мултилинк задна суспензија и електричен серво уред. Меѓу безбедносните системи с едобиваат Lane Departure Warning, автономно кочење, препознавање на сообраќајни знаци, асистенција при влечење приколица, итн.

Land Rover Discovery Sport ќе се нуди со 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 240 коњски сили, додека на европскиот пазар ќе се понуди и 2.2-литарски турбодизел кој испорачува 190 коњски сили. Следната година во понудата ќе се најде и економичниот ED4 турбодизел со погон на предните тркала кој ќе има ниска емисија на CO2. Инаку, стандардно ќе се нуди со автоматски менувач со 9 степени или мануелен со 6 степени на пренос и Haldex погон на сите четири тркала.
Discovery Sport има 212 милиметри простор од подлогата и може да се искачи на стрмнини со градиент до 45 степени. Тестиран е и во водени услови – односно, автомобилот бил паркиран во длабока вода, вратите биле отворени и било дозволено да се поплави ентериерот. По 30 минути поминати во водата, Land Rover ја тестирал способноста на автомобилот повторно да биде стартуван и возен. Импресивно!

Поврзано:   Новиот Land Rover Defender добива плаг-ин хибрид и нов шест-цилиндерски турбодизел!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.