full screen background image
Search

Прва фотографија од ентериерот на новата Škoda Fabia

Новата Fabia полека но сигурно ќе ни биде целосно откриена  – Škoda се фали со иновации кај новата Fabia; но и со најголемиот багажник во класата!

Веќе знаеме како ќе изгледа новата Fabia – а денес ја имаме првата фотографија од ентериерот. Лесно се препознава дека ентериерот е дело на VW групацијата – чистиот и прегледен дизајн преовладува. Сепак, она што е навистина интересно се зголемените внатрешни димензии – иако новата Fabia е 8 милиметри пократка, ентериерот е „продолжен“ за 8 милиметри, и сега има повеќе простор за петте патници. Има 21 милиметар повеќепростор за лактите на предните седишта и 2 милимтри повеќе на аздните.

Луѓето од Škoda се горди и на големиот багажен простор, барем за автомобилите во оваа класа. Купувачите ќе имаат вкупно 330 литри на располагање, а со спуштени задни седишта капацитетот расте на 1150 литри.

Дополнително, новата Fabia ќе има и 17 „Simply Clever“ функционалност – ќе биде првата Škoda со MirrorLink технологија која дозволува апликации од паметен телефон да бидат прикажани на мултимедијалниот екран. Тука е и SmartGate технологијата која ќе дозволи некои информации околу автомобилот да бидат префрлени на паметен телефон – потрошувачка, просечна брзина, трошоци при патување, итн. Новата Fabia ќе добие и гребалка за мраз во капачето од полначот за гориво, нов држач за мултимедијални уреди во централната конзола, зголемени места за одложување дребулии како и посебно место за сообраќаен елек во вратата на возачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.