full screen background image
Search

Преставен уникатниот Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse 1 of 1

Bugatti го претстави уникатниот Veyron Grand Sport Vitesse кој ја носи ознаката 1 of 1 и е вистински уникат меѓу и онака ретките автомобили на ултра-луксузниот бренд.

Моделот Veyron Grand Sport Vitesse 1 of 1 беше официјално претставен на јавноста за време на овогодинешниот Concours d’Elegance на Pebble Beach. Ако за момент помисливме дека Bugatti заврши со специјалните изданија на Veyron и дека ќе посвети повеќе внимание на развивање на следникот, компанијата нè изненади  со ова несекојдневно издание.

Конкретно, зборуваме за модел кој е изработен во комбинација од црна и жолта боја. Жолата боја се користи околу маската на ладилникот и уште некои детали на предниот дел, кровните отвори за воздух, задниот спојлер и тркалата. Комбинацијата е инспирирана од класичните 41 Royale, Type 44 и Тype 55. Според Bugatti, секоја површина е рачно полирана и за ова биле потребни повеќе од 200 часа. Во ентериерот е користена црна кожа, компоненти од карбонски влакна, жолти опшивки и се појавува и скица од Bugatti Type 35 на централната кутија меѓу седиштата. Овој детал бил побаран од нарачателот на возилото.

Моќта доаѓа од истиот 8-литарски квад-турбо W16 мотор кој испорачува 1200 коњски сили, благодарение на кои овој монструозен автомобил постигнува 100 километри на час за само 2.6 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.