full screen background image
Search

Неофицијално: Игор „Иџе“ Стефановски е новиот европски шампион во ридски патеки!

Најдобриот македонски автомобилист постигна одлични резултати во Швајцарија и со тоа неофицијално стана новиот европски шампион!

Денес се одржа десеттата трка од Европскиот шампионат, и Македонскиот возач Игор „Иџе“ Стефановски повторно постави одлично време, со што е новиот шампион на Европа! Македонија го доби својот прв европски шампион во автомобилизам! Игор извозе одлично во Швајцарија и постави време од 2:18.799 на првото возење и 2:17.307 на второто возење. Сè уште ги чекаме резултатите од последното возење, но веќе почнаа да стигаат потврди за победата на Иџе – почнуваат да пристигнуваат и првите честитки од другите учесници и пријателите на Иџе!

Повеќе информации очекуваме наскоро!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.