full screen background image
Search

Игор „Иџе“ Стефановски е без конкуренција – освоен европскиот шампионат на ридски патеки!

Летечкиот Македонец е на врвот на Европа – Иџе победи во Швајцарија и на две трки пред крајот на сезоната го обезбеди шампионскиот трофеј на Стариот Континент!

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе е нов европски шампион на ридски патеки во категорија 1. Тој победи на десеттата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки во Швајцарија и две трки пред крајот на сезоната ја потврди доминацијата во групата Н.

idze-sampion

– Се уште не верувам дека јас и мојот мал тим стигнавме до титулата. Се надевам дека со еден ваков голем успех ја израдувавме Македонија. Време е малку да се израдувам на триумфот бидејќи досега се беше на брзање и не ги почувствував победите на вистинскиот начин. Сега е се поинаку и уживам во овие прекрасни моменти. Им се заблагодарувам на фановите за поддршката и на спонзорите кои одвоија средства за да овозможат Македонија да се пофали со европски шампион во автомобилизам – изјави популарниот Иџе.

idze-zname

„Летечкиот Македонец“ патеката Cote St.Ursanne – Les Rangiers, долга е 5.169 метри, ја помина за 2:18.799 и 2:17.307 минути и со скоро три секунди подобро време во секој настап зад себе ги остави Чесите Мартин Јерман (2:21.228 и 2:20.351) и најголемиот конкурент за титулата Јири Лос (2:19.599 и 2:22.756 минути). Нивниот сонародник Јаромир Мали победи во групата А (2:17.108 и 2:16.043), но Иџе со седмиот триумф годинава направи недостижна предност за конкурентите и на Македонија и ја донесе првата европска круна во автомото спортот.

idze-broj1

– Во Швајцарија ми беше потребно второто место, но јас возев во свој стил, без калкулации. Патеката на прв поглед изгледа лесна, но е многу опасна и многу возачи излетаа. После толку напор и труд конечно стигнав до титулата. Пресреќен сум – додаде Стефановски.

Поврзано:   Renault, Nissan и Mitsubishi ја претставија својата нова глобална стратегија - каде ефикасноста го има главниот збор!

Фотографија: Горан Николов / Igor Stefanovski Fan Page



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.