full screen background image
Search

Seat Leon Cupra R280 Sub8 – Специјален пакет за да се прослави рекордот!

Шпанскиот производител објави дека ќе нуди специјален Sub8 Performance пакет за Leon Cupra R280 за да го прослави рекордот кој автомобилот го постави на Nürburgring!

Рекордот за најбрзо возило на преден погон на Nürburgring краткотрајно му припаѓаше на Leon Cupra R280 пред да го преземе екстремниот Renaultsport Megane 275 Trophy R. Сепак, Seat може да се пофали дека го имаат првото возило на преден погон кое ја поминало легендарната патека за помалку од 8 минути.

Со цел малку подобро да го истакне Leon Cupra R, Seat ќе понуди Sub8 Performance пакет за автомобилот. Со овој пакет доаѓаат поголеми, 370 милиметарски кочници (за 30 милиметри поголеми од стандардните) со Brembo шепи, уникатни 19-инчни црни или портокалови тркала, како и странични прагови. Дополнително, купувачите ќе можат да нарачаат и Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми, како и предни спортски седишта со греење и едноделен наслон за глава, обвиени во алкантара. Купувачите ќе можат да изберат меѓу Black-Line или White-Line пакет за екстериерот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.