Lamborghini ја претстави тркачката верзија на новиот Huracan – ќе доаѓа со подобрен мотор и погон на задните тркала!
Според најавите (сè уште не се објавени официјалните податоци) новиот Super Trofeo е само 9 коњски сили помоќен од стандардниот Huracan, но истовремено е и значителни 250 килограми полесен од моделот наменет за улиците. Сигурни сме дека добар дел од заштедената тежина е заради погонот на задните тркала.
Секако, тука се очекуваните преработени браници и странични прагови, како и големиот тркачки спојлер кој треба да го држи автомобилот прилепен за подлогата на повисоки брзини. Наскоро ги очекуваме сите детали!