McLaren подготвува уникатни изведби на 650 S и P1 за Pebble Beach! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

McLaren подготвува уникатни изведби на 650 S и P1 за Pebble Beach!

Британскиот производител на супер-автомобили подготвува специјални изведби на своите 650 S и P1 за овогодинешниот Pebble Beach Concours d’Elegance!

Иако McLaren веќе го претстави MSO 650S Spider (MSO е McLaren Special Operations – тимот за уникатни нарачки на McLaren) на Goodwood Festival of Speed, но ова е уште поспецифична верзија со специјална боја која ја нарекуваат Cerulean Blue. Уникатни се и специјалните тркала со 10 краци, како и внатрешноста со котрастни светло-сини опшивки.

Сепак, многу поинтересен е и уникатниот McLaren P1 кој исто така е дело на MSO. Темно-сивата боја, сјајниот карбон и портокаловите детали изгледаат прекрасно, но сепак најважен детал е 24-каратното злато кое се користи како дел од топлинската изолација и издувниот систем. Според McLaren, ова е технологија извлечена од F1 болидите. Внатрешноста е целосно изработена од видлив карбон и алкантара.

На Pebble Beach се очекува и премиерата на P1 GTR дизајн концептот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.