Со тежина од околу 1100 килограми и погонска единица од Nismo со преку 500 коњски сили, новиот тркач на Renault ветува одлични перформанси!
Renault го подготвува овој автомобил за сопствениот светски шампионат кој ќе започне следната година и ќе се вика World Series by Renault. Она што го знаеме е дека автомобилот ќе се вика R.S.01, и дека ќе биде биде изграден врз карбонска монокок платформа, погонската единица ќе биде од Nismo дивизијата на сестринскиот бренд Nissan и ќе испорачува повеќе од 500 коњски сили, и дека за преносот (претпоставуваме кон задните тркала) ќе биде задолжен 7-степен секвенцијален менувач од Sadev. Според извори во Renault, цел на Renaultsport е автомобилот да тежи околу 1100 килограми – а со тоа ќе има одличен однос меѓу моќност и тежина. Официјалното деби е закажано за 27-ми Август, на Московскиот саем на автомобили.
World Series by Renault започнува следната година, поточно следниот Април. Ќе се овзат вкупно 9 трки. Ова е одличен начин за глобална промоција на брендот, но и за понатамошно популаризирање на одличните RenaultSport возила.