Со Filante, Renault оди во лов на германските премиум брендови – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со Filante, Renault оди во лов на германските премиум брендови

Filante ќе се бори на пазарот во Јужна Кореја, но ќе влијае на моделите кои Reanult ги нуди во Европа.

Ова не е прв обид на францускиот бренд да се бори со премиум брендовите од Германија – но овој пат нема да се бори со нив во Европа, туку ќе се натпреварува на пазарот во Јужна Кореја. Filante е дизајниран од дизајнерски тим во Кореја, но со неизбежно влијание и насоки кои пристигнуваат од главните студија на Renault во Европа.

Интересно е што дели технолошки решенија со Geely, односно CMA архитектурата која веќе се користи за Volvo XC40 и неколку различни модели на Geely и Lynk & Co. Сепак, од Renault кажуваат дека „Filante е 200% Renault. Сменивме сè!“.

Filante ветува и многу простор – долг е 4.9 метри и гордо носи самоуверен, агресивен дизајн. Ветува врвна рафинираност во форма на комфорна суспензија и акустична изолација. Задолжен за задвижување е хибриден погон кој комбинира 1.5-литарски турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили со електромотор и батерија за вкупо 250 коњски сили.

Според Renault, овој мотор (развиен во соработка со Geely како дел од HORSE иницијативата) нема да пристигне во Европа, но технологиите би можеле да влијаат на другите погонски единици кои франуцскиот бренд ги нуди на стариот континент.

Инаку, новиот Filante е дел од глобалната офанзива на Renault. Францускиот бренд инвестира 3 милијарди Евра за да развие 8 различни модели наменети за Кореја, Латинска Америка, Северна Африка и Индија. Планот е овие модели да пристигнат на пазарот до 2027 и значително да го зголемат обемот на Renault на меѓународните пазари.

Renault веќе долго време е присутен на пазарот во Кореја и ја користи инфраструктурата на земјата за брзо да развие и да тестира нови технологии.

Поврзано:  Ова се автомобилите кои ќе се борат за титулата Европски Автомобил на Годината за 2026!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.