full screen background image
Search

Пониски цени на горивата од вечерва на полноќ!

По неколкуте последователни зголемувања на цените на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги намали цените на бензините и дизелот!

Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 3.39%. Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 2 денари и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 81.00 денари. Цената на ЕУРПСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари и еден литар ќе се продава за 83.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2.50 денари и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 67.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.