Audi слави 25 години TDI технологија со A7 Sportback 3.0 TDI Quattro Competition! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi слави 25 години TDI технологија со A7 Sportback 3.0 TDI Quattro Competition!

Специјалната едиција на Audi A7 Sportback доаѓа со 3-литарски TDI кој испорачува 326 коњски сили и 650 Nm вртежен момент!

Благодарение на специјално доработениот 3.0 TDI Biturbo мотор со капацитет од 2.967 кубни сантиметри, Audi A7 Competition може да забрза до 100 километри за само 5.1 секунда! Секако, ова се должи на одличните 326 коњски сили и моќни 650 Nm вртежен момент, како и quattro системот за погон на сите четири тркала.

Audi A7 Sportback 3.0 TDI competition

Измените во моторот му овозможуваат дополнителни 7 коњски сили во споредба со стандардниот модел, но благодарение на Boost функцијата кога автомобилот забрзува под полн гас, достапни се уште дополнителни 20 коњски сили за краток период. Максималните 650 Nm вртежен момент се достапни веќе од 1400 вртежи во минута. Според она што го најавуваат од Audi, големиот V6 дизел бара само 6.1 литар дизел гориво на 100 изминати километри, и има емисија од 162 грама CO2 на изминат километар. Моторот ги задоволува Euro 6 стандардите за еколошка прифатливост.

Со цел дополнително да се истакне спортскиот карактер, на автомобилот ќе биде вграден и S-Line спортскиот пакет, благодарение на кој каросеријата е 20 милиметри поблиску до подлогата. Тука се и големите, 20-инчни фелни со специјален дизајн, како и широките 265/35 гуми. За запирање се задолжителни 17-инчни дискови и црвено офарбани шепи (а сите знаеме дека црвената боја е најдобра за спортски перформанси).

Audi A7 Sportback 3.0 TDI competition

Внатрешноста е онаква каква што можеме да очекуваме од Audi – беспрекорно изработена и максимално луксузна. Купувачите ќе имаат неколку опции за бои за ентериерот, а во внатрешноста ќе има детали од алуминиум и Beaufort дрво. Лопатките зад воланот можат да се искористат за мануелно да се управува со типтропник менувачот со 8 брзини. Секако, купувачите ќе ги добијат и новите Matrix LED предни светла кои беа најавени со фејслифтот на А7 Sportback.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Über-караван со 630 коњски сили - претставен Audi RS 6 Avant GT!

Audi A7 Sportback 3.0 TDI competition

Купувачите ќе можат да го нарачаат A7 Sportback Competition од почетокот на Август. Основната цена во Германија ќе биде 72.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.