full screen background image
Search

SEAT ја прославува 30-годишнината на Ibiza со специјален модел!

Сигурно можете да погодите дека специјалната едиција ќе се вика Ibiza 30th Anniversary Limited Edition, ќе се нудат ексклузивни бои, 17-инчни тркала и специјални обележја.

Шпанската дивизија на Volkswagen групацијата сака да го прослави 30-тиот роденден на Ibiza заедно со своите фанови, па за да го направи тоа лансираше специјален модел. Специјалната едиција е базирана на Ibiza SC – односно, верзијата со три врати – и ќе се нуди во три посебни бои – Belea Beige, Technic Grey и Emocion Red. Сите се во комбинација со сјајна црна боја за 17-инчните фелни, сраничните ретровизори, предната маска и страничните столбови.

Секако, моделот ќе има и обележја за да бидат препознаени, а ќе се нудат стандардно со ксенонски светла и LED задни светла. Во внатрешноста ќе се нуди ентериер обвиен во алкантара, а управувачот, рачката од менувачот и рачната кочница се обвиени со кожа. Купувачите ќе добијат и посебно изработен клуч, на кој е поставено логото на овој специјален модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.