Аутомотив Груп обезбеди инфузиони пумпи за Клиниката за детски болести – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Аутомотив Груп обезбеди инфузиони пумпи за Клиниката за детски болести

Вчера вечер во прекрасната атмосфера во тенискиот клуб АБЦ беше и официјалното затворање на хуманитарниот тениски турнир NISSAN Open 2014 и прогласувањето на најдобрите во сите категории.

Изминативе десет дена во преден план беше ставена хуманоста, а резултатите од одиграните натпревари беа поттик повеќе за сите натпреварувачи. Посетеноста и навивањето не изостануваа – напротив – оваа година турнирот беше најпосетен со над 120 учесници.

Средствата од котизациите на хуманитарниот тениски турнир се наменети за обезбедување на инфузиони пумпи за дечињата од одделот на хемато онкологија за клиниката за детски болести Скопје. Претходно во форма на чек од 125.000 денари беа врачени од страна на на г. Кирил Калеников – генерален менаџер на Аутомотив Груп, екслузивен застапник на возилата RENAULT, NISSAN и DACIA на проф.д-р Софијанка Гламочанин – шеф на хемато-онколошкиот оддел.

Тенискиот турнир ќе продолжи да се организира од тимот на NISSAN и во иднина, со што ќе се потрудиме и понатаму преку хумани гестови да влијаеме врз развивањето на чуството за вистинските вредности во заедницата.

Истовремено, беа поделени и благодарници за сите оние кои го поддржаа настанот, меѓу кои беше и CARclub. Секогаш ни е задоволство да бидеме дел од вакви настани и во иднина ќе дадеме безрезервна поддршка за сите иницијативи од ваков вид.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.