full screen background image
Search

Peugeot се подготвува за следниот Dakar со Peugeot 2008 DKR!

Францускиот производител се подготвува за следното Dakar Rally – а ќе го нападне со новиот Peugeot 2008 DKR кој крие V6 твин-турбодизелско срце со 340 коњски сили!

Средишно-поставениот мотор ја испорачува силата кон само две тркала, но инженерите на Peugeot сега за сега одбиваат да кажат дали кон предните или кон задните. Според директорот на Peugeot Sport – Bruno Famin – прашањето кога се вози ваков вид на рели, секогаш е дали да се оди со погон на сите четири тркала, или само на две. Според него, по детално истражување, тие одлучиле да користат пренос само на две тракла, што им донело низа интересни придобивки.

peugeot-2008-dkr-2

Одлуката да користат погон само на две тркала ќе им овозможи да се обидат да бидат првиот тим што ќе победи на Dakar со возило на две тркала и дизел мотор. Според правилата на Dakar, возилата со погон на само две тркала можат да бидат значително полесни од оние со погон на сите четири. Истовремено, можат да користат поголеми тркала што има предности на одредени терени.

„2008 DKR практично може да се качува по вертикални ѕидови! И тоа не е сè! Подолгото движење на суспензијата – 460 наместо 250 милиметри – ја подобрува неговата способност преку песочните дини и нерамен терен. Тоа е значајна придобивка на настан како што е Dakar!“ – изјави техничкиот проект менаџер Jean-Cristophe Pallier. Дополнително, притисокот во гумите може да се регулар од внатре во кокпитот – нешто што е особено значајно при возење преку песочни дини.

Поврзано:   Спојувањето на FCA и PSA е конечно финализирано. Добредојде Stellantis!

Тимот на Peugeot е подготвен! Им посакуваме многу среќа на Dakar!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.