Хет-трик за 1-литарскиот EcoBoost на Ford – трет пат избран за Интернационален Мотор на Годината! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хет-трик за 1-литарскиот EcoBoost на Ford – трет пат избран за Интернационален Мотор на Годината!

1-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец на Ford повторно е прогласен за мотор на годината – ова е трета последователна победа на малиот, моќен и економичен мотор!

1.0-литарски мотор EcoBoost на Форд е прогласен за Меѓународен мотор на годината за 2014 – ова е негова трета последователна победа во категоријата, а покрај наградата за мотор на годината, исто така е прогласен и за најдобар мотор со зафатнина помала од 1 литар. Според судиите (повеќе од 80-тина, од многу различни земји), моторот е „еден од најдобрите примероци за моторно инженерство.“ Интересно е што Ford ќе нуди уште една, помоќна верзија од овој мотор – со 140 коњски сили – кој ќе се најде во специјалните Fiesta Red и Fiesta Black едиции. Ова е најмоќната верзија досега, а Fiesta ќе може да постигне 0-100kм/ч (0-62 mpg) за 9 секунди, со максимална брзина до 201 kм/ч (125 mph) и потрошувачка од 4.5л/100kм (62.8 mpg) и 104g/km CO2.

Ford Unleashes Punchy and Striking Fiesta Red Edition and Fiesta

Малиот бензински мотор, кој е влечната сила на возилата Ford, вклучувајќи ја и новата Fiesta, победи во конкуренцијата меѓу премиум брендови и суперспортски возила и го доби „Оскарот“ во светот на моторите. 1.0-литарскиот EcoBoost мотор на Форд, кој ја намалува потрошувачката на гориво без да се намали моќноста, е именуван за Меѓународен Мотор на Годината 2014 заради неговиот капацитет, перформанси, економичност, префинетост и технологија.

„За да овозможи комплетен пакет од невидена ефикасност на гориво, изненадувачки перформанси, тивка работа, на моторот и префинетост, знаевме дека овој мал 1.0-литарски мотор ќе го смени текот на играта“, вели Боб Фачети, потпретседател на Ford Моторно Инжинерство. „Преку нашиот пристап до развој Еден Форд, (One Ford), EcoBoost продолжува да биде репер за комбинирана моќност со мала потрошувачка од мал бензински мотор.“

Моторот досега освои 13 големи награди. Освен што собра седум награди за “Меѓународен Мотор на Годината“ за три години-вклучувајќи ја и Најдобар нов мотор во 2012 г. – 1.0-литарскиот EcoBoost исто така беше награден со Интернационалната Награда „Пол Пишч“ 2013 за технолошки иновации во Германија; Девар Трофејот од Кралскиот автомобилски клуб на В. Британија; и во САД се стекна со Наградата за најголемо достигнување од списанието Popular Mechanic. Ford исто така е и прв производител што освоил трофеј меѓу 10 Најдобри Мотори со три-цилиндерски мотор.

Поврзано:  Ford се согласи дека плановите за целосна електрификација до 2030 се „премногу амбициозни“

„Овогодишниот натпревар беше најжесток досега, но 1.0-литарскиот EcoBoost продолжува да се истакнува со оправдани причини-голема префинетост, изненадувачка флексибилност и одлична ефикасност“, вели Деан Славнич, ко-претседател на 16-те награди за Меѓународен Мотор на Годината и уредник во списанието „Engine Technology International“. „1.0-литарскиот мотор EcoBoost е еден од најдобрите примери од моторното инжинерство.“

ford-mondeo

Лансиран во Европа во 2012 г. со Ford Focus, 1.0-литарскиот EcoBoost сега е достапен уште кај девет возила: Fiesta, B-MAX, EcoSport,C-MAX и Grand C-MAX, Tourneo Connect, Tourneo Courier, Transit Connect и Transit Courier, а до крајот на оваа година го очекуваме и новото Mondeo кое ќе продолжи да ја освојува Европа со 1.0-литарскиот EcoBoost – најмалиот мотор поставен во толку голем семеен автомобил.

Сега секое петто возило на Форд од вкупниот број на продадени возила на 20-те традиционални пазари на Форд, се возилата опремени со 1.0-литарски EcoBoost **. Во првите пет месеци од 2014 г. пазарите каде 1.0-литарскиот EcoBoost се покажа како најпопулран беа Холандија (38 проценти од сите купени возила), по неа следува Данска (37 проценти) и Финска (33 проценти).

Во европските капацитети на Форд во Келн, Германија и Крајова, Романија, се произведува нов EcoBoost мотор на секои 42 секунди и неодамна надминаа историска бројка од 500,000 единици.

Извор: PR Ford



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.