Volkswagen Andretti Rallycross тимот ја претстави најекстремната верзија на новата Буба која досега сме ја виделе – Beetle GRC може да се пофали со 544 коњски сили извадени од 1.6-литарскиот TSI мотор!
Благодарение на тие 544 коњски сили, секвенционалниот менувач со шест брзини и погон на сите четири тркала со диференцијали со ограничено пролизгување поставени на предната и задната оска, автомобилот кој според Rallycross правилата е тежок 1210 килограми може да постигне 100 километри на час за само 2.1 секунда! Суспензијата дозволува 231 милиметар вертикално движење на амортизерите, со цел да може да се справи со теренските делници на Rallycross патеките. 17-инчните фелни се обвиени во 240/40-R17 Yokohama спортски гуми.
Зад воланот на оваа екстремна „Буба“ ќе се најдат Tanner Foust и Scott Speed, а автомобилот е замена за тркачкото Volkwagen Polo кое сега го возат возачите на Volkswagen Andretti Rallycross. Според Foust, нема „покул“ возило во натпреварувањата, и тој со нетрпение очекува да седне зад воланот и да се натпреварува.