full screen background image
Search

SEAT ја проширува гамата на Leon со новиот Leon ST X-Perience 4DRIVE!

За оние кои сакаат повремено да ги напуштат асфалтираните патишта, SEAT го подготви Leon ST X-Perience кој доаѓа со мотори од 110 до 184 коњски сили и погон на сите четири тркала!

Погонот на сите четири тракала ќе биде стандарден, а системот перманентен. Според SEAT, системот е еден од најмодерните и најефикасни системи во светот. Системот корисни ново-развиена спојка со хидраулично придвижување и електронска контрола, како и Haldex спојка од петтата генерација. Како што и претпоставувате – во нормални услови силата се пренесува кон предните тркала, но кога е потребно може да се пренесе и кон задните тркала.

Ознаката 4DRIVE е нова за Seat и ќе ја носат моделите кои имаат погон на сите четири тркала.

seat-leon-st-xperience-rear

Новиот ST X-Perience е 15 милиметри повисок од обичниот Leon ST и има пластични заштитни панели кои имаат за задача да го заштитат автомобилот и долниот дел од каросеријата од несакано козметичко оштетување. Под поклопецот на моторот ќе се најдат веќе добро познатите бензински и дизел мотор на Volkswagen групацијата кои нудат меѓу 110 и 184 коњски сили. Единствениот бензинец е 1.8-литарскиот TSI со 180 коњски сили и 280 Nm. Во понудата ќе се најдат дури три дизел мотори – малиот 1.6-литарски TDI со 110 коњски сили и 250 Nm, а над него се 2-литарските TDI мотори со 150 коњски сили и 320 Nm, односно 184 коњски сили и 380 Nm вртежен момент.

SEAT Leon ST X-Perience ќе започне да се продава оваа есен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.